• Иван Димовски
Ракометарите на Барселона триумфираа во дербито на колото во Лигата на шампионите против ПСЖ со 38-33 (26-16) во десеттото коло.
Каталонскиот гигант демонстрира сила и стигна до деветтото славје во групата во која се натпреварува и Еурофарм Пелистер. Тимот од Шпанија важеше за апсолутен фаворит, а тоа го преслика и на теренот во „Палау Блауграна“. Уште во првиот дел Барса имаше двоцифрена предност и на одмор замина со 26-16.
Во продолжението парижани се консолидираа, стопија дел од негативата и пред крајот успеаја да пријдат најблизу на минус четири, ама не и да направат сензација.
Елохим Пранди го заврши мечот со 14 гола, додека кај Барселона се истакна Алеиш Абељо Гомез со десет.





