• Мартин Танасковски
Екипата на Барселона ја отвори сезоната на Лигата на шампионите со победа. Каталонците важат за едни од фаворитите во елитата.
Шпанскиот гигант славеше над ГОГ Гудме со 37-32. Фаворитот водеше цел меч, а разликата меѓу двата тима беше евидентна уште на полувремето кога беше 25-14 за најтрофејниот клуб во Европа. Фернандез имаше шест гола кај победникот, Елдера додаде пет, а кај ГОГ, Вилхемсен и Митун имаа по пет.
Дербито на денот го одиграа Фуксе Берлин и Нант, а победи германскиот тим со 34-40. Гидсел имаше блескав дуел со десет гола, а кај францускиот тим, Ривера даде седум.
Сигурен беше и Киелце кој како голем фаворит беше подобар од Колштад со 38-27. Каралек даде седум гола за Киелце, Сичко, Душебаев и Јарошевич имаа по пет, додека за Колштад, Јепсом, Содена и Ховде дадоа по четири.

