• Мартин Танасковски
Ракометниот клуб Барселона нема конкуренција во Шпанија и тимот ја збогати колекцијата со нов трофеј во Суперкупот.
Избраниците на Чави Пасквал имаа доминантна средба и со убедливи 38-18 славеа над Бенидорм. Разликата меѓу двата тима беше евидентна уште на полувремето, на кое големиот фаворит имаше предност од 20-8.
Најдобри кај победникот беа Макуч со седум гола и Гомез кој додаде шест, Дика Мем запиша четири, а поранешниот вардарец Лука Циндриќ имаше три гола.
За Барселона ова е 23-та Суперкуп титула во историјата. Претходно, Барселона го освои и Суперкупот на Каталонија.