Барселона израмни рекорд на славниот Атлетико на Лазаров

Екипата на Барселона доминира во шпанскиот ракомет во изминатите години, а во АСОБАЛ-лигата успеа да израмни еден голем рекорд.

Каталонците во шампионатот ја победија Куенка со 52-23. Тоа е израмнување на рекордот во Шпанија по број на постигнати голови на еден тим на еден натпревар.

На врвот претходно беше осамен Атлетико кој во 2011 година во составот со македонската ракометна легенда Кирил Лазаров успеа да го совлада тимот на Виго со 52-27.

На тој меч најефикасен беше Роберто Гарсија Парондо со осум гола, поранешниот член на стручниот штаб на Вардар и европски првак.