• Горан Упале
Ракометарите на Барселона ја потврдија улогата на фаворит против египетскиот Ал-Ахли на Давид Дејвис и со сигурна победа од 26-21 (14-8) се пласираа во финалето на Светското клупско првенство, кое што се игра во Каиро.
Најдобри поединци кај шпанскиот гигант беа Нгесан со седум и Дика Мем со пет гола, додека за домашниот тим се истакна Саифелден со четири гола.
Противник на Каталонците во битката за трофејот ќе биде тимот на Веспрем, кој го доби европското дерби против освојувачот на Лигата на шампионите, Магдебург, со 23-20. На тој начин Веспрем ќе има можност да ја одбрани освоената титула во минатата сезона, додека Барселона без планетарниот трофеј е четири години, откако претходно доминираше со три трофеи.



