• Мартин Танасковски

Алборг обезбеди пласман на завршниот Фајнал-фор турнир во Лигата на шампиони, кој ќе се одржи во Келн, откако во драматичен натпревар го совлада Спортинг со 37-36.
Данскиот тим до победата стигна по неизвесен финиш и уште еднаш покажа карактер во клучните моменти од сезоната. Арнолдсен даде 10 гола кај победникот, додека кај Спортинг, Франциско Коста имаше 13 гола.
Место на завршницата обезбеди и Барселона, која на домашен терен одигра моќен натпревар против Нант и славеше убедливо со 31-21. Шпанскиот гигант уште од самиот почеток го контролираше мечот и без поголеми проблеми ја потврди фаворитската улога за ново учество на Ф4 турнирот во Келн. Алеиш Гомез имаше 10 гола за Барселона, на спротивната страна, Тибо Бред даде пет гола.
Претходно, место на Ф4 обезбеди и Фуксе Берлин кој го елиминира Веспрем.





