Барселона е непобедлива во АСОБАЛ, ја прегази и Бидасоа Ирун

Ракометарите на Барселона ја запишаа и 16-тата победа во исто толку натпревари, откако дома во „Палау Блауграна“ славеа над Бидасоа Ирун со 33-25 (17-17), во рамките на шпанската АСОБАЛ лига. Предводник на тимот до овој триумф беше одличниот голман Перез де Варгас со 18 интервенции. 

Избраниците на Чави Пасквал му оставија малку надеж на противникот и стартот беше изедначен. Иако гостите парираа и не дозволуваа Барса да се одлепи, фаворитот ја контролираше играта. Бидасоа имаше активен резултат на паузата, а тој беше 17-17. 

Сепак, искуството и вистинската сила се прикажа на стартот од продолжението, кога блесна Перез де Варгас. Барса направи одлична серија и брзо направи недостижна предност. Кон крајот Бидасоа Ирун одново намали на пристојна негатива, но во финишот Каталонците го декласираа противникот. 

Наејфикасен играч на средбата беше Одриозола со седум гола кај Бидасоа Ирун, додека од победничкиот табор пет од пет гола реализираше Дика Мем.