Барселона без капитенот Мем против Еурофарм Пелистер во ЛШ

Пласманот во финалето од Купот на Kралот доаѓа со висока цена кога станува збор за Барселона. Капетанот Дика Мем се повреди и се очекува да отсуствува неколку недели.

Во саботата, Барселона го победи Ирун со 37-31 во полуфиналето на Купот на Шпанија, но за време на натпреварот, Мем почувствува проблем со задната ложа. Капетанот одигра неколку минути во првото полувреме, постигна еден гол, а потоа мораше да го се упати кон клупата. По паузата, тој не се врати на теренот.

„Дика Мем има миофасцијална лезија на задниот дел од десната нога. Се проценува дека неговото закрепнување ќе трае помеѓу четири и шест недели“, се вели во соопштението на клубот.

Со проценето отсуство од четири до шест недели, Мем ќе ги пропушти последните четири натпревари од групната фаза на Лигата на шампионите, вклучувајќи ги и клучниот натпревар за првото место против актуелниот шампион Магдебург, како и средбата со Еурофарм Пелистер на домашен терен.