Барса во дуел без одбрани го надигра Киелце во малото финале во Келн

Gol.mk на ракометен Final Four во Келн

Ракометарите на Барселона се освојували на третото место на Ф4 турнирот на Лигата на шампионите во Келн. Во малото финале во „Ланксес Арена“, Каталонците ја совладаа екипата на Киелце со 40-35 (20-17) во дуел во кој водеа во текот на сите 60 минути.

  • Извештај од натпреварот: 

Очекувани дуелот започна со брзи акции, слаби одбрани и многу голови. Благодарение на одбраните на Гонзало и лесните голови на Томас и Палмарсон, шпанскиот шампион поведе со 8-4 во 10. минута. 

Следеа серија на технички грешки на полскиот првак, исклучување на Циндриќ и првпат +5 за Барса на половина од првиот дел (12-7). Следеше исклучување на Раул Ентрериос и мини-серија на „жолтите“ за 13-10. Темпото на гол скоро во секој напад остана до крајот на првиот дел и АСОБАЛ шампионот на одмор замина со 20-16.

Вториот дел започна со голови на Доленец од седум метри, но на средина од вториот дел Барса ја стигна криза исто како вчера против Вардар и Киелце намали на -2. Сепак, ракометарите на Барса не дозволија да им се случи вчерашното фијаско и извојуваа победа од 40-35. 

Најефикасни поединци во тимот на Барселона беа Мем со осум и Доленец со седум гола, а кај Киелце се истакнаа Морито со десет и Каралек со шест погодоци. Големото финале меѓу Вардар и Веспрем се игра попладнево од 18:00 часот.