• Иван Димовски

Европскиот првак Барселона само ја потврди првата позиција во групата Б во рамките на Лигата на шампионите, откако славеше во дербито кај Киелце со 31-32.
Каталонскиот гигант со тринаесет победи и едно реми е суверен лидер и заедно со денешниот противник оди директно во четвртфиналето на ова натпрварување.
Околу натпревар во Полска, Барса беше подобра по израмнетиот почеток. На средината на првиот дел поведе и со пет гола позитива, меѓутоа Киелце се врати и на одмор се замина со минимални 12-13. Домаќинот подобро се снајде во продолжението, имаше највисоки плус три, ама ја испушти таа предност за конечен пораз.
Аркадиуш Морито беше најдобар стрелец на натпреварот со осум реализации, додека кај Барса со шест се истакна Нгесан.