Барса рутински ја надигра Лахвија и обезбеди полуфинале на Супер Глоуб

Фабрегас

Екипата на Барселона е третиот плуфиналист на Супер Глоуб турнирот. Шпанскиот и актуелен светски првак без големи проблеми ја надигра катарската екипа Ал Духаил Лахвија (38-26) од Катар и закажа дуел за финале против домашниот тим на Ал-Вехда.

Каталонците одиграа две полувремиња во идентично темпо и на крај обезбедија триумф со двоцифрена разлика. На полувреме имаа +7, а потоа само ја одржуваа предноста и рутински го приведоа мечот кон крај.

Алекс Пасквал Гарсија беше незадржлив и постигна шест гола. Со еден гол помалку мечот го завршија Лудовик Фабрегас и Јуре Доленец. Кај противникот очекувано се истакна Мохамед Маареф со шест гола.

Последниот полуфиналист ќе биде познат по вечерашната средба меѓу Вардар и Мудхар.