• Зоран Мишевски
Барселона го обезбеди потписот на 18-годишниот десен бек Маркос Фис, кој се смета за еден од најголемите европски таленти. Трансферот е планиран за 2027 година и ја потврдува стратегијата на клубот за подмладување на тимот и обезбедување долгорочна замена за клучните играчи на позицијата десен бек.
Интересот за Маркос Фис беше огромен. Според достапните информации, за услугите на младиот ракометар се бореа десет европски клубови, меѓу кои се истакнуваа Киелце, Веспрем и ПСЖ.
Играчот моментално настапува за Гранољерс и има договор до 2027 година, Барселона успеа да го осигура неговиот потпис до 2030 година. Овој потег доаѓа во период кога клубот се соочува со промени во ростерот, вклучувајќи го и заминувањето на Дика Мем во Фуксе Берлин.
Со ангажирањето на Фис, кој веќе дебитираше за шпанската репрезентација под водство на селекторот Жорди Рибера, клубот го решава прашањето за наследник на Дика Мем на долг рок.


