Барса падна по 30 меча, Манасков и Веспрем со голема победа пред Вардар

Ракометарите на Веспрем, во дерби натпреварот од 13. коло во групата А на Лигата на шампионите, на домашен терен славеа голема победа против Барселона со 29-26. Со денешната победа ракометарите на Веспрем прекинаa една успешна серија на Барселона од 30 победи по ред во сите натпреварувања.

Почетокот на натпреварот беше изедначен, двете екипи се менуваа во водството, за домаќините кон средината на првиот дел да успеат резултатски да се одлепат и да заминат на највисоки +3 (13-10 и 15-12). Сепак, Каталонците со извонреден финиш и серија на голови до одморот стигнаа до егал резултат (15-15).

Продолжението од натпреварот повторно подобро го отворија домаќините и пак стигнаа до највисоките +3 (18-15), предност која Барса повторно полека ја топеше и во 45. минута успеа да израмни на 22-22. Во последните 15 минути избраниците на Давид Дејвис пак беа подобар ривал и на крајот сосема заслужено славеа победа од 29-26. Кај Веспрем, Манасков имаше четири гола од пет обиди, а исто така по четири погодоци запишаа и Тонесен, Ненадиќ и Мае.

Во вториот натпревар од истиот термин, актуелниот европски шампион, Монпелје, на домашен терен го совлада Мешков Брест со 29-23 (15-11) и ги задржа своите шанси за пласман во нокаут-фазата. 

Лига на шампиони (М), Група А
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 АлборгАлборг 0 0 0 0 0:0 0 0
1 Целје Пивоварна ЛашкоЦелје Пивоварна Лашко 0 0 0 0 0:0 0 0
1 ЕлверумЕлверум 0 0 0 0 0:0 0 0
1 БарселонаБарселона 0 0 0 0 0:0 0 0
1 ППД ЗагребППД Загреб 0 0 0 0 0:0 0 0
1 ПИК СегедПИК Сегед 0 0 0 0 0:0 0 0
1 ПСЖПСЖ 0 0 0 0 0:0 0 0
1 ФлензбургФлензбург 0 0 0 0 0:0 0 0