Барса победи во Шведска и изби на второто место во групата

13. коло на Лигата на шампионите во ракомет започна со очекувана победа на Барселона во Шведска, против првакот на оваа земја, Кристјанштад. Седум дена по тешко извојуваната победа над Висла, првакот на Шпанија лесно се справи со најслабо пласираната екипа во групата А и ја совлада со 21-26 (8-11).

Во текот на сите 60 минути екипата на Пасквал доминираше и не дозволи ниту едно водство на Швеѓаните. Најефикасни поединци во таборот на Барселона беа Дика Мем со пет и Абело и Сипшак со по четири гола, а добар настап меѓу стативите имаше Гонзало, па Борко Ристовски остана на клупата. Во тимот на Кристијанштад се истакна Нилсен со шест гола.

Со оваа победа Барса изби на второто место пред Нант и теоретски се надева дека може да заврши пред францускиот претставник воочи осминафиналната ждрепка. Во рамките на групата А денес играат уште ПИК Сегед - ППД Загреб, а утре се среќаваат Нант - Вардар и Висла - Рајн Некар Левен