Барса одржа тренинг по пауза од пет месеци и со четири нови засилувања

Барселона

За првпат по 12 март, ракометарите на Барселона одржаа тренинг и ги најавија подготовките за новата сезона.

Сите членовите на каталонскиот тим ги поминаа медицинските прегледи и по добиените негативни резултати за коронавирус, застанаа на располагање на Чави Пасквал.

Екипата ќе тренира на домашен терен до 9 август, кога ќе замине во Андора и ќе одржи петдневни подготовки.

Домен Макуч, Блаж Јанц, Луис Фраде и Ханиел Лангаро ја одржаа првата сесија со новиот клуб. Тие имаа можност првпат да тренираат со соиграчите, пред почетокот на новата ракометна сезона.