• Зоран Мишевски
Шпанската ракометна федерација одлучи Памплона да биде домаќин на Суперкупот на АСОБАЛ во ракомет за време на викендот меѓу 2 и 4 септември. Во дуелот за првата титула во следната сезона ќе се борат Барселона на нашиот Кирил Лазаров и Хелветиа Анаитасума. Во реприза од финалето на Купот на Кралот,
Каталонците ќе се обидат да ја продолжат низата од домашни трофеи која трае веќе три сезони. Вооочи Суперкуп мечот ќе се одржи и гала вечера на која ќе бидат прогласени најдобрите за сезоната која заврши на крајот на мај оваа година.
Исто така во Памплона ќе се игра во женското Суперкуп финале.


