Барса го совлада Фуксе и ја одбрани Супер Глоб титулата

Ракометарите на Барселона се освојувачи на Супер Глоб турнирот во Доха, откако со 29-24 (13-12) го совладаа тимот на Фуксе Берлин. Воедно, каталонскиот гигант и ја одбрани титулата освоена мината година, кога исто така во финалето го совлада Фуксе Берлин.

Почетокот на мечот им припадна на Германците кои имаа и +2 (6-4), на што Барса возврати со серија голови и стигна до 8-8. Во вториот дел на првото полувреме се разбрани и голманот на Каталонците, а тоа значеше и позитива од +2 (11-9), која на одмор изнесуваше 13-12.

По паузата, почетните минути повторно беа израмнети. Фуксе парираше до резултат 15-15, кога Барса направи серија од 8-1 и поведе со 24-16, што на крајот се покажа и како пресудно за одбрана на титулата и донесе победа од 29-24. Капитенот Виктор Томас со пет и Мортенсен со четири гола беа најефикасни во победничкиот тим, а кај поразениот Фуксе Берлин се истакна Јакоб Тундруп Холм со осум гола. 

За ракометарите на Барселона освоената титула е нивна четврта на Супер Глоб турнирот, по триумфите во 2013, 2014 и 2017 година. Минатата година во Доха како освојувач на Лигата на шампионите учествуваше и нашиот Вардар, кој го освои третото место, а во мечот за пласман во полуфиналето беше елиминиран токму од Барселона.