Барса го потврди првото место, Веспрем тесно подобар од Монпелје

Шпанскиот првак Барселона одигра нов доминантен натпревар во Лигата на шампионите и со победа кај Целје (25-37) го потврди првото место во групната фаза на едно коло пред крајот.

Очекувано каталонскиот тим ги совлада Словенците и го остави ППД Загреб да се надева на чудо дека може до наредната фаза. Целје и Загреб се разлика еден бод, а сигурниот патник во осминафиналето ќе го даде последното коло каде Целје гостува кај Флензбург, а Загреб кај ПСЖ.

Најдобар во победата на Барселона беше Доленец со седум гола, а Палмарсон и Фабрегас имаа по пет, додека кај Целје најмногу се истакна Разгор со девет постигнати гола.

Веспрем во дербито минимално славеше над францсуки Монпелје (24-23) кој е следен ривал на Вардар. Гајиќ беше прво име со седум гола, Штрлек и Лауге Шмид постигнаа по три, а удел имаше и Манасков со еден погодок. Кај Монпелје, Дескат запиша шест гола.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4