Барса го освои десеттиот Суперкуп на Шпанија по ред

Ракометарите на Барселона го освоија Суперкупот на Шпанија десетти пат по ред, благодарение на победата над Адемар Леон 30-27 (13-15) во Кантабриа. Треба да се напомене дека долго време, еден тим не пружил таков отпор на тимот на Барса.

Адемар Леон ги изненади европските шампиони во првото полувреме, и постојано беше во водство до 35. минута. Сепак, фаворитот успеа да ги сврти работите и да победи, за првиот трофеј на новиот тренер Карлос Ортега.

Алеиш Гомез со шест и Анхел Фернандез со пет гола беа најефикасни во победничкиот табор, а Гонзало Перез постигна осум гола кај ракометарите од Астурија.

Ова е десетти Суперкуп на Барселона по ред, вкупно 24-ти во клупската историја.