• Саше Љолес
Словенечкиот репрезентативец Домен Макуц беше прогласен за најкорисен играч (МВП) на финалето во ЕХФ Лигата на шампиони, откако ја предводеше Барселона до победа над Берлин со 37-34 во Келн. Со овој триумф, каталонскиот гигант ја освои рекордната тринаесетта европска титула.
За Макуц ова беше совршен начин да се прости од Барселона пред летниот трансфер во Кил. Словенечкиот организатор на играта одигра извонреден натпревар и беше еден од клучните фактори во походот на Барса до европскиот врв, иако не беше најефикасниот играч во составот.
MVP. Leader. Champion. Domen Makuc guided Barça to victory and takes the TruckScout24 EHF FINAL4 2026 MVP award. #ehfcl #CLM #handball #ehffinal4 pic.twitter.com/o1dssipzqD
— EHF Champions League (@ehfcl) June 14, 2026
Финалниот турнир во Келн донесе уште една европска круна за Барселона, а признанието за МВП дополнително го одбележа денот за 25-годишниот Макуц, кој зад себе остава блескав период во каталонскиот клуб.

