Банхиди: Пред две години искусивме колку е тешко во Битола, но целта ни е иста

Натпреварот Еурофарм Пелистер – ПИК Сегед ќе биде во фокусот на вниманието на ракометната јавност во Европа. Средбата во Битола е прогласена за меч на колото во Лигата на шампионите, а што ги чека гостите во Битола, зборуваше Бенце Банхиди. 

Кружниот напаѓач на унгарскиот тим вели дека тимот минува низ многу тежок период, поради двете несреќи кои што се случија за краток период. Исто така, додаде дека знае што ги чека во битолската сала, но и покрај тоа верува во победа и нови бодови во елитата.

„Поминуваме низ многу тажен период како тим. Неодамна го загубивме основачот на нашиот клуб, д-р Михали Берци, а за време на домашниот натпревар против Веспрем, почина и технички директор, Иван Добози. Длабоко сме емотивно погодени. Во Битола очекуваме тежок натпревар против Еурофарм Пелистер. Пред две години, веќе искусивме колку е тешко да се победи во Битолa, но нашата цел останува иста – да ги однесеме трите бода“, рече Банхиди.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПИК Сегед започнува од 20:45 часот. Двете екипи досега се сретнале двапати, а унгарскиот тим беше поуспешен во тие соочувања.