ВИДЕО: „Банана“ на Дисингер, па асистенција за гол под груб фаул на Дибиров!

Вардар без многу пот се пласира во полуфиналето на неофицијалното Светско клупско првенство во ракомет, кое се игра во Саудиска Арабија

Вечерва, за свој противник го имаше домашниот тим на Мудхар, кој сили за надигрување имаше само на стартот на првиот дел, а потоа беше тотално надигран и поразен со 34-27. Во вториот дел, во знак на немоќ, ракометарите на Мудхар се решија со груб ракомет да ги сопрат налетите на вардарци, но ниту таа тактика не им успеа. Така беше и стартот на вторите 30 минути, кога Дисингер со „банана“ спаси чист гол за домаќините, а потоа го проигра Дибиров, кој, пак, и покрај тоа што беше грубо фаулиран, успеа да погоди речиси од мртов агол.

Погледнете ја акцијата на Дисингер и Дибиров против Мудхар: 

Во утрешното полуфинале, Вардар го чека дуел со германскиот гигант Кил