Балканците сигурни, Грција го приреди шокот на денот во битката за ЕП

Ракометната репрезентација на Грција го приреди изненадувањето на денот и славеше над Холандија (32-28) во квалификациите за Европското првенство (ЕП) кое ќе се игра во 2024 година.

„Лалињата“, кои се во група со Македонија на СП 2023 кое следи, потфрлија на теренот и доживеаја пораз со кој го загубија второто место на табелата по две одиграни кола. Тоскас, Милонас и Лиапис беа најдобри кај Грција со по пет гола, кај Холандија, Смитс имаше 7/7.

Од балканските селекции, Хрватска ја совлада Белгија (30-27), Србија очекувано ја доби Словачка (27-21), Словенија се справи со Косово (29-24), а Црна Гора беше подобра во пресметката со Босна (36-25).

Победи забележаа и Норвешка против Финска (35-22), Португалија против Луксембург (32-21), Романија со Украинците (34-26), Швајцарија против Литванија (27-26), Франција на гости кај Италија (40-29), Полска во соочувањето со Летонија (37-19), Австрија кај Фараните (30-28), Унгарија на гости кај Грузија (41-24) и Чешка против Израел (29-19).