Балинген во Нант ја пронајде замената за Филип Талески

Германскиот бундеслигаш Балинген пред извесен период потврди дека нема да ја продолжи соработката со македонскиот репрезентативец Филип Талески, кој во тимот пристигна минатото лето од Рајн Некар Левен.

Но, потрагата по нов лев бек не траеше долго, затоа што клубот веќе ја пронајде замената за нашиот ракометар. Нов член на Балинген е францускиот ракометар Џејмс Скот, кој во Германија се сели од редовите на Нант.

24-годишниот бек, иако беше под договор со Нант, последните две сезони ги одигра како член на шпанската екипа Натурхаус Ла Риоха, каде бележеше одлични настапи во ЕХФ Купот. 

Талески пак, иако посакуваше останување во Германија, на крај се реши да ја прифати понудата на Вардар и во следната сезона повторно ќе го гледаме во македонската Суперлига.