Бундеслигашот Балинген со благодарност по заминувањето на Филип Талески

Левиот бек на македонската репрезентација, Филип Талески и дефинитивно ја заврши својата авантура во дресот на бундеслигашот Балинген. Крушевчанецот во потрага по минутажа замина од Рајн Некар Левен во релативно послабиот клуб, но ниту таму не се изнаигра и по само една сезона ќе бара нова средина. 

Балинген на социјалните мрежи денес објави слики од Талески и напиша неколку зборови во знак на збогување со нашиот бек. 

  • Објавата на Балинген на Фејсбук: 

Филип Талески треба да одлучи околу неговата иднина и каде ќе ја продолжи кариерата, а изборот би требало да падне меѓу Вардар, Еурофарм Пелистер или останување во Бундеслигата. 

Бекот се прикажа на сцената со настапите во Металург и во репрезентацијата на Македонија, со што го привлече вниманието на неколку големи клубови. Во 2017 година замина за својот прв интернационален ангажман во Рајн Некар Левен, клуб со кој стигна и до трофеј во Бундеслигата. Сепак, пред почетокот на минатата сезона прејде во Балинген, чии амбиции и не беа така високи.