ВИДЕО: Балиќ и Карабатиќ учеа од него - како Вујо им ја криеше топката на противниците

Вујо

Веселин Вујовиќ важи за еден од најдобрите ракометари во историјата на поранешните југословенски просторите. Играјќи за Ловќен, Металопластика, Барселона и Грањољерс, црногорскиот маестро изгради кариера за респект, а во еден момент беше и најдобар играч на светот, според изборот на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ).

Балканската публика го памети по настапите за Металопластика, а светот подобро го запозна кога заигра во Шпанија. Пет години го носеше дресот на Барса, каде покажа огромен дел од својот раскошен талент.

За помладите генерации ракометни навивачи, Вујовиќ е непрочитана книга. За оние постари фанатици, тој буди носталгија, а еве една негова мајсторија која ќе ви покаже какво беше неговото чувство за асистенција.

Црногорецот итро го заобиколува својот директен чувар и додава до Александер Тучкин и му овозможува лесна завршница од линијата за шест метри.