ФОТО: Бајиќ пред Шпанија дојде да го поддржи Вардар со ПИК Сегед

Натпреварот од осмото коло во ракометната Лига на шампиони меѓу Вардар 1961 и ПИК Сегед е последен домашен на „црвено-црните“ во групната фаза годинава. Поради тоа, дуелот привлече солидна бројка навивачи на трибините. 

Меѓу останатите, таму се најде и кошаркарскиот селектор на репрезентацијата на Македонија, Драган Бајиќ. Тој заедно со Драган Јаќимовиќ, амбасадорот на БиХ во Македонија, дојде во Спортскиот центар „Јане Сандански“ да го поддржи Вардар во натпреварот со Унгарците. 

Во предвечерието на утрешната средба на кошаркарите против Шпанија, селекторот реши да присуствува на овој настан и да го поддржи македонскиот тим во елитното натпреварување.