Баја Маре го доби романското дерби, Хернинг подобар од руски Тољати

Романскиот вицешампион Баја Маре ги продолжува натпреварите во Европската лига за ракометарки, откако и во вториот натпревар од плеј-офот извојува победа над уште една романска екипа, Дунареа, со 27-25. На првиот натпревар Баја Маре славеше со 31-24, со што јасно ја покажа својата доминација. 

Најефикасна во победничкиот тим беше Ковачевиќ со седум, а кај поразената Дунареа се истакна Канавал со пет погодоци. 

Данскиот Хернинг Икаст славеше против рускиот претставник Лада Тољати со 27-24. Со оглед на тоа што и на првиот натпревар победија со 31-29, ракометарките од Скандинација се изборија за четвртфинале.

Во тимот на Хернинг Икаст најефикасни беа Фауске со девет и Фрис со шест погодоци, а кај Тољати одличен натпревар одиграа Шербак и Шамунскаја со по четири гола. 

Францускиот Нант и Шиофок од Унгарија со предност влегуваат во останатите натпревари од четвртфиналето на Европската лига.