Бахреин со енергија за едно полувреме, лесна почетна победа за „фуријата“

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Фаворизираната селекција на Шпанија го победи Бахреин со 33-23 (16-11) во последниот натпревар од првото коло на групата А на Светското првенство во ракомет.

Европскиот првак почна многу сериозно и Феран Соле и Алекс Душебаев ја наполнија мрежата на претставникот на Азија. Иако голманот на Бахреин, Хусаин феноменално бранеше на одмор „фуријата“ замина со 11-16. 

Ако во првиот дел Бахреин демонстрираше отпор, во продолжението следеше позитивна серија на таканаречените резерви на Шпанија за лесен триумф. Гонзало меѓу стативите блесна, Даниел Душебаев и Едуардо Гурбиндо погодија за мини-серија од 4-0 и предност од дури девет гола во пресрет на последните десетина минути. Без треперење шпанската репрезентација го доби дуелот со 23-33.

Најефикасни поединци во таборот на Жорди Рибера беа Алекс Душебаев со пет и Феран Соле со седум гола, а кај поразениот Бахреин се истакна Мохамед Хабиб со седум погодоци. По првото коло во групата Б во Минхен, очекувано победи запишаа Македонија, Хрватска и Шпанија.

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0