Бахреин е без победа на Мундијалите, сите ракометари играат во домашното првенство

Gol.mk на Светско првенство во ракомет 2019

Нашиот втор противник на Светското првенство во ракомет е најнеискусната селекција од големите приредби. За Бахреин ова е трето учество на Светско првенство. Премиерата им беше во Шведска во 2011 година, кога „бело-црвените“ кога запишаа и два нерешени натпревари, покрај петте порази.

Четири години подоцна во Франција, Бахреин ги загуби сите седум натпревари и заврши на самото дно на турнирот. Оваа селекција се квалификува и за Мундијалот во Катар во 2015 година, но го откажа настапот од политички причини.

Во последните три изданија на Азискиот Куп, Бахреин е поразен во финалето, а покрај четири сребрени медали, има и две бронзи. Сите пријавени ракометари играат во домашното национално првенство, а селекторот Арон Кристјансен е нивно најпознато име. 

Натпреварот од второто коло на групата Б меѓу Бахреин и Македонија се игра попладнево во 14:00 часот. 

СП, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ХрватскаХрватска 5 5 0 0 152:115 37 10
2 ШпанијаШпанија 5 4 0 1 142:114 28 8
3 ИсландИсланд 5 3 0 2 137:124 13 6
4 МакедонијаМакедонија 5 2 0 3 131:139 -8 4
5 БахреинБахреин 1 5 1 0 4 107:151 -44 2
6 ЈапонијаЈапонија 1 5 0 0 5 121:147 -26 0