Бадијата блесокот на Дибиров, Динамо со гол во 60. минута го „расплака“ ППД Загреб

Екипата на Динамо Букурешт забележа херојска победа на гостувањето кај ППД Загреб (28-29) во рамки од петтото коло во Лигата на шампионите. Романскиот тим речиси цел натпревар бркаше негатива, но во самиот финиш беше повеќе концентриран и со погодок од пенал по истекот на времето се избори за големи два бода.

Дуелот во Загреб донесе многу возбудувања во текот на целиот натпревар, домаќините носени од фантастичниот Тимур Дибиров, уште од првата минута го имаа водството на своја страна, но кога беше најпотребно попуштија во одбраната и гостите дури во 53. минута за првпат стигна до израмнување (24-24). Во продолжение се играше гол за гол, а откако „плинарите“ погрешија во последниот напад, на спротивната страна пристигна казната и Акименко од пенал ги постави конечните 28-29

Поранешниот вардарец го одигра најдобриот овосезонски натпревар во Лигата на шампионите и заедно со Срна со по осум гола беа најпрецизни за одмашниот тим. За прв стрелец беше Негру со седум гола.

Во првиот денешен термин во Лигата на шампионите се одигра уште еден натпревар, на кој Елверум го одбрани домашниот терен и со 31-29 го совлада словенечкиот шампион Целје Пивоварна Лашко. Најзаслужен за првиот овосезонски триумф на норвешкиот тим беше Грондахл со осум гола, а пет имаше Хелдал. Кај поразениот тим Забиќ имаше осум, а еден помалку постигна Влах.