Бабиќ за Хендави: Екстра засилување за поголем квалитет и конкуренција на голот

Хендави

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се подготвуваат за пролетната полусезона, која ќе ја отворат со гостување кај ППД Загреб на шести февруари во рамките од СЕХА лигата.

Тимот од Битола на подготовките во Словенија и Хрватска запиша скор од една победа, едно реми и еден пораз. Во пресрет на остатокот од сезоната, ново име во екипата ќе биде голманот Карим Хендави, кој се очекува да донесе слатки маки за тренерот Жељко Бабиќ.

„Јас верувам дека имаме добар избор меѓу голманите. Карим е одличен и сигурно нема да биде вишок во екипата. Ќе има многу натпревари и многу шанси за докажување. Еурофарм Пелистер со овој трансфер покажа сериозност и донесе екстра засилување, а со тоа го зголеми квалитетот и конкуренцијата на голот“, вели Хрватот.

Египетскиот чувар на мрежата се очекува да ѝ се приклучи на новата екипа по настапот на Светското првенство на домашен терен.