• Редакција Gol.mk

Еурофарм Пелистер по третпат во историјата го освои Суперкупот на Македонија во ракомет и тоа пак го направи со странски тренер на клупата. Победата од 28-27 во Кавадарци против Вардар 1961 е прв трофеј на Рубен Гарабаја по доаѓањето на клупата на битолчани.
Претходно Суперкупот пелистерци го освојуваа со Жељко Бабиќ и Ларс Валтер на клупата, и двапати со победи во дуелите со Вардар 1961. Во меѓувреме битолчани често и губеа Суперкуп натпревари, откако од вардарци загубија во Струмица, а од Алкалоид во Гевгелија.
Новата сезона во Суперлигата почнува веќе утре со дуелот Бутел Скопје - Еурофарм Пелистер.

