• Мартин Танасковски
Еурофарм Пелистер со победа над Партизан (23-25) тргна во новата СЕХА-сезона, а тренерот Жељко Бабиќ даде коментар на натпреварот. Хрватскиот стратег пред се им се заблагодари на навивачите кои пристигнаа во Белград за да го бодрат тимот.
„Убаво е да се игра во Белград, посебно во ваков амбиент. Секоја чест за нашите навивачи кои дојдоа и ни направија да се чувствуваме како дома. Тоа не е мала работа. Што се однесува до натпреварот, мислам дека одлучи нашата дефанзива и смиреност. Кога противникот се доближи и изедначи, ние ја покажавме нашата зрелост и заслужено победивме“, изјави Бабиќ.
Битолчани вечера се враќаат во Македонија и веќе во среда гостуваат кај Бутел во дуелот од 19. коло на Суперлигата.