Бабиќ: Момците со мислите беа во финалето, но одлично го контролираа мечот со Бутел

Финалето во Купот на Македонија ќе донесе очекуван судир меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар 1961.

Тренерот на битолчани Жељко Бабиќ по мечот со Бутел Скопје во полуфиналната фаза изрази задоволство од одиграното од неговите избраници и најави тешка борба за трофејот против „црвено-црните“.

„Дојдовме до финалето, а тоа беше и нашата цел. Им честитам на моите момци за доброто издание и контролираниот резултат во полуфиналето. Ние сега се насочуваме кон финалето и очекуваме освојување титула. Очекувам уште една тешка средба против Вардар“, изјави хравтскиот стратег.

Новиот победник во Купот ќе биде познат в недела, кога „вечните“ ривали одново ќе излезат на терен и ќе се надигруваат во салата „Јасмин“ во Кавадарци.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија