Бабиќ: Горд сум на овие момци, а од срце им се заблагодарувам на битолчани за поддршката

Еурофарм Пелистер не успеа да испише историја и на битолчани да им донесе четвртфинале со големиот ривал Вардар, откако извојува недоволна победа од два гола разлика над Нексе Нашице.

<<< ПОВРЗАНО - Радовиќ: Се боревме за клубот, за навивачите, за нас, но немавме среќа 

<<< ПОВРЗАНО - Хорват: Во четвртфиналето се пласира посреќната екипа

И покрај елиминацијата, новиот стратег на македонскиот клуб Жељко Бабиќ им честита на своите избраници за одиграниот натпревар, а не штедеше зборови ниту за битолската публика.

„Честитки на екипата на Нексе, пласманот им е заслужен. Денес ништо не загубивме, туку само видовме што треба да поправиме за остатокот од сезоната во плеј-офот и Купот на Македонија.

Навистина сум горд што денес ги водев овие момци, а од срце им се заблагодарувам на навивачите кои ни приредија одлична атмосфера. Пред нас има уште многу работа, и се надеваме на подобри резултати во иднина“, рече Бабиќ. 

Со овој неуспех, пелистерци ги чека подолга пауза, додека не започнат возбудувањата од плеј-офот на Суперлигата.

<<< ПОВРЗАНО - ФОТО: СЕХА ги запозна „Чкембарите“, битолскиот вулкан повторно активен!

<<< ПОВРЗАНО - ФОТО: Атмосфера за чиста десетка, но пелистерци се „сопнаа“ против Нексе