Поранешниот македонски ракометен репрезентативец Влатко Митков и на свои 38 години не се откажува од активното играње, откако во следната сезона ќе има нов предизвик.
За разлика од Никола Костески, вториот Македонец кој оваа сезона настапуваше во редовите на австриски Линц, Горан Крстевски во следната сезона ќе има нов предизвик во својата кариера.
Австријската ракометна федерација одлучи да ги суспендира сите натпреварувања кои се под нивна капа. Коронавирусот ја зафати и оваа земја која веќе има над 10.000 заразени, па челните луѓе на ракометот решија да не ризикуваат.
Поради пандемијата со коронавирусот речиси сите спортски првенства се „замрзнати“, меѓу кои и австрискиот ракометен шампионат, натпреварување во кое настапуваат тројца македонски ракометари.
Се чини дека Никола Костески го направи вистинскиот потег со напуштањето на Татран Прешов и преселбата во австрискиот шампионат. Привремениот македонски репрезентативец од ова лето ги брани боите на тимот на Линц и уште во својата деби-сезона блесна со своите игри.
Екипата на Линц славеше во „македонското дерби“ во австрискиот ракомет, откако како гостин со убедливи 25-32 го победи тимот на Брегенц, ривал за кој настапува поранешниот наш репрезентативец Влатко Митков.
Влатко Митков продолжува со одличните партии во австрискиот шампионат, додека во првото коло во новата година солиден учинок имаа и Никола Костески и Горан Крстевски.
Горан Крстевски и Никола Костески одиграа одлична партија во дресот на својот Линц, кому му обезбедија голем бод на натпреварот против фаворизираниот Грац (29-29).