ВИДЕО: Атрактивниот гол на Радовиќ против Македонија меѓу најдобрите во колото на ЕП

Ракометарите на Црна Гора ја забележаа првата победа во групата А од Европското првенство, откако синоќа ја надиграа нашата селекција и заслужено славеа со 24-28.

Црногорците уште од самиот почеток тргнаа доста мотивирано на паркетот во „Феникс Арена“, а токму во тој период беше постигнат и најатрактивниот погодок на мечот, во режија на Мирко Радовиќ. Крилото на Еурофарм Пелистер во свој стил го изненади Томовски и ефектно погоди во македонската мрежа.

  • Најатрактивните голови во второто коло на Европското првенство:

Кога во прашање се одбраните, место меѓу најатрактивните имаше и за македонската „единица“, Никола Митревски.