ВИДЕО: Атракцијата на Њокас против Мешков e една од најдобрите на колото во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Вардар одигра брилијантен натпревар во второто коло од Лигата на шампионите и ја забележа првата победа во новата сезона на ракометната елита.

Еден од главните „виновници“ за големото славје на вардарци против Мешков Брест беше Кевин Њокас, ракометар кој, иако само што му се приклучи на составот на Веселин Вујовиќ, со осум гола блесна на дуелот во Скопје. Токму еден негов атрактивен погодок се најде и меѓу најдобрите на второто коло во Лигата на шампионите.

  • Најдобрите пет голови во второто коло на Лигата на шампионите: 

Третото коло на Лигата на шампионите се игра следната среда и четврток.