ВИДЕО: Атракцијата на Дибиров од „мртов агол“ – гол на месецот во СЕХА

Вардар доживеа пораз кај Војводина за крај од групната фаза, но од овој меч доаѓа голот на колото, а истиот е во сопственост на руското крило на македонскиот тим Тимур Дибиров.

Искусниот ракометар погоди од „мртов агол“ откако шутираше над главата на голманот на Војводина, а погодокот не остана незабележан од СЕХА-лигата, па му се додели едно признание.

Македонските екипи во август ќе играат во нокаут фазата на СЕХА лигата. Еурофарм Пелистер има директно место во четвртфиналето, а Вардар ќе разигрува за пласман меѓу осумте најдобри.