Атракција на Џомба за крај и големо славје: Вардарци запеаја со „Комити“ во Германија (ВИДЕО)

Двократниот европски првак Вардар 1961 го победи Мелсунген (25-34) и како првопласиран во групата од главната фаза оди во четвртфиналето на Европската лига. 

За крај на перфектната вечер во „Ротенбах Хале“ во Касел се погрижи најискусниот во тимот Гоце Георгиевски кој со атракција и „сув лист“ меѓу нозете на голманот, а тоа дополнително предизвика ерупција во делот од трибините каде што беа „Комити“. 

По крајот на натпреварот навивачите ги повикаа вардарци, па потоа и во Касел заедно запеаја „Гордоста на градот“ и заедно го прославија пласманот во четвртфиналето. 

  • Голот на Георгиевски и славјето на вардарци со „Комити“:

Преголем простор за вардарово славје нема, бидејќи играчите мораат веднаш да се насочат кон следниот предизвик и гостувањето кај Еурофарм Пелистер в недела во Суперлигата.