Атракција на денот: Маџовска фрли цепелин, Ристовска „полета“ и ја крена публиката на нозе! (ВИДЕО)

Женската ракометна репрезентација на Македонија одигра одлично полувреме против Романија, најдобро на Европското првенство на кое сме еден од домаќините. Во целосно израмнет прв дел, најубавиот потег им припадна на девојките на Љубомир Савевски. 

Поточно, атракција режираа Симона Маџовска и Сара Ристовска. Бекот го забележа движењето на крилната ракометарка, фрли висока топка преку блокот, а Ристовска ја прифати во скок и погоди во гостинската мрежа. 

Македонија доби пеколно тешка група, полна со великани и на турнирот се судри со Франција, Холандија и Романија.