Атомскиот меч на Данска и Јапонија урна два ракометни рекорди на ЛОИ

Данска убедливо ја совлада Јапонија (47-30) во рамки на првото коло од ракометниот турнир на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио и со тоа паднаа два ракометни рекорди.

Со вкупно 77 паднати гола на еден натпревар, мечот меѓу Данска и Јапонија е најефикасен во историјата на Олимписките игри. Претходниот рекорд го држеа Шпанија и Бразил кои на ЛОИ 2008 на еден дуел дадоа 71 гол (36-35).

Истовремено, Данците станаа тим со најмногу дадени голови на ЛОИ во еден натпревар. 47-те гола кои завршија во мрежата на Јапонија го урнаа рекордот на Франција која на ЛОИ 2012 ѝ даде 44 гола на Велика Британија (44-15).

Данска исто така постави и личен рекорд, со највисока победа од 17 разлика на ЛОИ. Претходно, највисока победа на селекцијата беше над Куба со 12 гола разлика (32-20).