Атомската Данска ќе ја напаѓа третата светска круна во низа!

Ракометната репрезентација на Данска со победа над Шпанија во полуфиналето (23-26) патува во мечот за титула на Светското првенство (СП) кое се игра во Шведска и Полска и така ќе ја лови третата круна во низа.

Скандинавската земја доминира во светскиот ракомет и по титулата на домашно тло и онаа во Египет, ќе се обиде да го крене трофејот и на овој планетарен собир. Шпанците имаа егал-меч, па загубија сила во првото полувреме (10-15), а иако во вториот дел предводени од Душебаев се вратија (20-21), Данците не дозволија сензација. Еден од најдобрите играчи на Данска на овој меч беше голманот Никлас Ландин.

Најдобар кај стрелците беше Питлик со шест гола, пред Саугстурп со пет реализации, додека Хансен застана на четири гола. Кај Шпанците, Алекс Душебаев даде пет, а Соле стрелаше четири пати.

Данска со овој триумф автоматски освојува медал и на „вечната листа“ со две злата, три сребра, една бронза и уште еден од СП 2023, ја мина Романија. Данците имаат седум, Романија шест медали. Неприкосновени се Шведска со 12 и Франција со 11 медали.

Во финалето, Данска ќе игра токму со еден од овие ривали - Франција или Шведска.