• Иван Димовски
Женската ракометна репрезентација на Македонија ќе ѝ гостува на Белгија во натпреварот од квалификацитие за Европското првенство кое ќе се одигра на крајот на годината.
Пред гостувањето кај Белгијките преку кратки изјави ракометарките го најавија дуелот. Најдолга најава даде бекот Ива Младеновска која повика на борба.
„Клучна за денешниот натпревар според мене ќе биде борбеноста, затоа што потребна е многу голема борба на теренот. Ова е многу важен натпревар за нас, но исто така битен е и следниот во Куманово. Ќе дадеме се од себе, да одиграме добра одбрана и одиме на победа“, изјави Младеновска.
Кратко за атмосферата се осврна и Андреа Седлоска.
„Атмосферата во екипата е позитива и едвај чекаме натпреварот да започне“, кратко прокоментира Седлоска.
Освен нив, се обрати и Борјана Коцева, која повика на поддршка и за следниот меч кој се игра во Куманово в сабота.
„Атмосферата е на одлично ниво. Со нетрпение го чекаме денешниот натпревар, а ве покануваме да нè поддржите денес, но и в сабота во Куманово“, повика Коцева.
Македонија ѝ гостува на Белгија во Хаселт вечерва во терминот од 20:10 часот.



