„Атмосфера како онаа во Скопје не сум видел никогаш во ракометот...“

Надалеку е познато дека македонските ракометни фанови се меѓу најжестоките и најфанатичните. Нивната пасија е секогаш во фокусот на големите натпреварувања, а идентично импресивно е нивното однесување и кога играат нашите клубови.

Гостувањето во Македонија, на теренот на Вардар, засекогаш ќе остане во сеќавање на голманот на Кил, Дарио Гуенштед. Чуварот на мрежата на „зебрите“ останал вчудоневиден поради атмосферата во СЦ „Јане Сандански“ и покрај поразот на македонскиот првак.

„И покрај тоа што јасно победивме, Вардар прослави со фанатичните навивачи. Атмосферата во салата беше феноменална. Се чувствував како да сум на фудбалски стадион. Никогаш досега не сум видел такво нешто во мојата ракометна кариера“, вели 30-годишникот.

Вардарци загубија со убедливи 20-31, но „Комитите“ не престанаа со песна и поддршка за своите играчи уште долг период по крајот на натпреварот. Тоа е еден од моментите кои ја одбележаа тековната сезона во Лигата на шампионите, која носи доста проблеми за бранителот на титулата.

Лига на шампиони (М), Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 КилКил 11 8 2 1 348:305 43 18
2 ВеспремВеспрем 11 8 0 3 364:312 52 16
3 МонпелјеМонпелје 1 11 6 1 4 302:298 4 13
4 КиелцеКиелце 1 11 5 2 4 326:308 18 12
5 ПортоПорто 11 4 2 5 310:326 -16 10
6 ВардарВардар 11 4 1 6 309:355 -46 9
7 Мешков БрестМешков Брест 1 11 3 0 8 310:336 -26 6
8 Мотор ЗапорожјеМотор Запорожје 1 11 1 2 8 330:359 -29 4