Атман раскина со Хановер, враќање во Русија или Вардар негови опции

Поранешниот руски репрезентативец и миленик на навивачите на Металург, Павел Атман ја заврши својата кратка авантура во Бундеслигата. Централниот бек од Русија по две сезони во Хановер, во кои почесто се лекуваше од повредите, отколку што играше, спогодбено го раскина договорот една година пред нејзиниот истек. 

Атман минатата сезона гостуваше со својот Хановер во Битола и одигра дел од натпреварот против Еурофарм Работник.

„Сакам да им заблагодарам на клубот и навивачите за поддршката која ја добив во Хановер. По две лоши години, преселбата во друг клуб добро ќе ми дојде”, најави Атман.

Атман како прва ооција гледа на враќање во татковината, а во минатото срамежливо се шпекулираше со негов трансфер во Вардар. По заминувањето на Карачиќ во Киелце, европскиот првак остана само со Скубе како ракометар на таа позиција.