Атман: Битолската публика е луда по ракомет, ќе биде тешко против Еурофарм

Екипата на Хановер доби големо засилување во пресрет на натпреварот со македонски Еурофарм Работник во рамки од четвртото коло од ЕХФ Купот, откако во стројот на Ортега се врати искусниот Павел Атман. 

31-годишниот среден бек поради незгодна повреда повеќе од пет месеци беше надвор од терени, но полека влегува во натпреварувачки ритам и веќе ги одигра последните два натпревари за Хановер. 

Пред дуелот со „фармацевтите“ Атман не сакаше многу да зборува за својата форма, а ги предупреди своите соиграчи дека во Битола секогаш е тешко да се добие натпревар. 

„Се разбира дека не сум во најдобра форма, но одам чекор по чекор. Се чувствувам добро на терен, тоа е најважно во овој момент. Што се однесува до шансите за елиминациона фаза на Хановер во ЕХФ Купот, тие сè уште постојат, но пред нас имаме исклучително тежок натпревар. Натпреварите во Македонија секогаш се жешки, особено во Битола. Еднаш сум играл таму, навивачите се луди по овој спорт и затоа мислам дека ќе ни биде тешко“, рече Атман. 

Во првиот меѓусебен дуел Хановер во самиот финиш го скрши отпорот на Еурофарм и извојува тесна победа од 24-21. Мечот во Битола на програмата е в недела од 19:00 часот. 

ЕХФ Куп, Група Б
ОН П Н И Гол. ГР Форма Бод.
1 ТатабањаТатабања 6 4 1 1 172:154 18 9
2 ХановерХановер 1 6 3 1 2 162:144 18 7
3 Нексе НашицеНексе Нашице 1 6 3 0 3 156:160 -4 6
4 Еурофарм РаботникЕурофарм Работник 6 1 0 5 133:165 -32 2

Најнови вести од
EХФ Куп (М)