Атанасијевиќ: Вардар сепак е поискусен за вакви мечеви

Еурофарм Пелистер 2 како дебитант настапи на завршницата во Купот на Македонија, но испадна на стартот од големиот фаворит за титулата Вардар 1961 (24-28). По натпреварот, Павле Атанасијевиќ му честита на противникот и кажа дека мечот битолчани го загубиле поради малото искуство на вакви натпревари.

„Игравме многу подобро од минатиот натпревар во Скопје. Имавме грешки, ама сепак против нас на другата страна го имавме Вардар, еден далеку поискусен тим и сметам дека не доби на искуство. Зависиме сами од себе во шампионатот, сега ни следи битката за Европа преку домашната сцена и фокусот во целост ни е таму“, изјави Атанасијевиќ.

Еурофарм Пелистер 2 во следната рунда на домашната сцена игра со првиот тим на Еурофарм Пелистер, а потоа следи натпревар против ГРК Охрид на гости.

Најнови вести од
Куп на Македонија, Македонија