• Мартин Танасковски

Младиот Петар Атанасиејвиќ го заврши натпреварот против Нексе со три гола, ама со пораз во Нашице (25-29) во рамки на СЕХА-лигата. По натпреварот, членот на битолчани му честита за ривалот за успехот и ги посочи причините за поразот.
„Дадовме сè од себе, се боревме до крај, но Нексе Нашице беше подобар ривал и честитки за нивната борбеност. Некои наши играчи се повредени, некои подлегнаа на операции, имавме и тежок пат, па сето тоа влијаеше на овие натпревари. Но одиме понатаму, ни следат уште мнигу натпревари“, изјави Атанасијевиќ.
Ова беа два гостински натпревари за битолчани и во март следат две домашни средби со Војводина и Нексе.